Едно лица загина, а 12 се повредени од ветерот кој го погоди централниот дел на Бугарија.
Властите во регонот на Габрово соопштија дека 34-годишна жена почина, откако врз неа падна столб на паркинг. Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност.
Повеќе од 73.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а запрен е и железничкиот сообраќај поради соборените дрвја.
Силниот ветер оштети кров на една болница,поради што неколку пацинети се евакуирани. Причинета е голема материјална штета на градежни објекти и автомобили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.