Славниот Раде Шербеџија ќе одржи хуманитарен концерт во Лондон, во чест на трагичнот загинатиот Тоше Проески. Концертот на големиот актер, режисер и музичар, е закажан за 26-ти јануари, еден ден по датумот на кој беше роден Тоше, а учество ќе земе и македонската пејачка со адреса на живеење во Лондон, Тања Цароска. Според сценариото, ќе говори и српската актерка Весна Станоевиќ, која ќе се осврне на животот на Тоше Проески. Настанот е најавен како интимна вечер со истакнатиот актер, режисер и музичар, а ќе се одржи во клубот „Стади сосајети“ во западен Лондон.
Шербеџија отсекогаш го почитувал Тоше, и како личност и како уметник, па вели дека му причинува огромно задоволство што ќе се одржи овој концерт за легендарната македонска пејачка ѕвезда – Тоше Проески.
Инаку, за Раде Шербеџија ова е прв концерт по 10 години што ќе го одржи во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.