За време на Студената Војна, Унгарија беше еден од најголемите сојузници на Советскиот сојуз. Како членка на Варшавскиот пакт, Унгарија имаше обврска да прими советски трупи и воена опрема на нејзината територија. Токму тука, се наоѓа една од тајните воени бази на Советскиот сојуз, прикажана на фотографиите подолу.
Повеќето советски бази на територијата на Унгарија на беа познати за воениот персонал, освен една која се чувала во тајност и само избројани луѓе знаеле каде се наоѓа и што има во неа.
Ова место го нарекувале Мала Москва, бидејќи тука работеле само луѓе од Советскиот сојуз, дури и хигиеничари.
Откако била откриена, пронајдени биле два подземни бункери, каде советските војници чувале повеќе од стотина нуклеарни бомби, пренесува „Гизмодо“.
Денеска воената база е напуштена и иако е под контрола на Унгарија, воопшто не е заштитена и речиси секој може да влезе и да прошета во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Куќата на Цеца на Кипар воено засолниште (ФОТО)
-
Тајниот бункер на Тито: Отпорен на нуклеарна апокалипса (видео)
-
Пронашла бункер од Втората Светска војна – Кога ќе видите во што го претворила, ќе останете без зборови (Видео)
-
Северна Кореја до крајот на годината би можела да конструира и до 20 атомски бомби









