| четврток, 6 декември 2018 |

Големата тајна на Абрамович

Рускиот милијардер Роман Абрамович и уредничката на списание Дарија Жукова се запознале во 2005 година, а се венчале неколку години подоцна, објави „Вол стрит журнал“.

Дариа дала дозвола информацијата да се појави во текстот, но не открила никакви други детали за нивната венчавка, ниту информација за тоа кога и каде станале сопруг и сопруга. Сепак, странските медиуми пишуваат дека двојката се венчала во 2008 година.

Роман Абрамович (48) познат е по тоа дека не сака да зборува за приватниот живот и досега за Дарија Жукова (33) секогаш зборувал како за негова девојка. Кога се запознале, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи сè уште бил во брак со Ирина Маландина, а по разделбата со неа во 2007 година, почна да се гледа со Жукова. Првата сопруга му била Олга Јуревна Лисова.

Милијардерот има пет деца од бракот со Ирина, а со Дарија доби уште две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top