Главниот командант на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав во интервјуто за германскиот весник „Ди Цајт“ изјави дека Русија се обидува да ја врати Украина во својата сфера на влијание. Според него, руската страна притоа применува нетрадиционални методи на војување.
Како што изјави Бридлав, „Русите ги користат сите инструменти што ги има државата на располагање: остар дипломатски притисок, моќна дезинформациска кампања, тајни воени капацитети и мали зелени човечиња. Меѓу другите лостови за влијание врз Украина, Русија користи интензивен економски притисок, испорака на енергенси, барања за враќање на заемите пред истекот на роковите“.
Американскиот генерал додаде дека Русија ги поддржува сепаратистите со тенкови, оружје и системи за противракетна одбрана, поткопувајќи ја на тој начин не само безбедноста на Украина, туку и на целиот европско-атлантски простор. Бридлав ја исклучи можноста за конструктивни односи со Москва поради конфликтот на истокот на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


