| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот долг намален за 93,3, а јавниот за 62,7 милиони евра

долг

Државниот долг во четвртиот квартал од 2014 година е намален за  93,3 милиони евра, а јавниот долг за 62,7 милиони евра.

Во согласност со податоците кои денеска ги објави Министерството за финансии, државниот долг изнесува 3.262,5 милиони евра, што претставува 38,1 отсто од БДП, или споредено со претходниот квартал претставува намалување за 1,1 процентен поен.

Јавниот долг на 31.12.2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра, што е 45,8 отсто од БДП, и споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,7 процентни поени.

Како што информираат од Министерството за финансии, намалувањето на долгот се должи на намалување на задолжувањето преку државни хартии од вредност за 74,1 милиони евра и отплата на обврски по основа на надворешен долг во износ од 88,9 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top