| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиен меѓународен синџир на проституција

прости

Загрепската полиција разби меѓународен синџир на проституција и уапси повеќе лица, кои од јули минатата година ангажирале девојки од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина да работат во хотели во Германија.

Петмина уапсени полицијата ги обвинува за злосторничко здружување, а другите петмина за проституција, јавува агенцијата „Хина“.

Злосторничкото здружување, заедно со четворица хрватски државјани, го организирал и водел германски државјанин со привремена адреса во Хрватска, кој го организирал синџирот на проституција.

Кривичните дела се од меѓународен карактер бидејќи комуникацијата и дејствувањето на уапсените се одвивала преку Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, додека проституцијата е организирана на подрачјето на Германија.

Освен тоа, полицијата утврди дека петмина хрватски државјани од крајот на 2013 година на подрачјето на Хрватска и Германија организирале идентичен начин на проституција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top