Положувањето цвеќе на споменикот од Втората светска војна, на местото каде што биле убиени 200 Грци комунисти од нацистите, беше многу повеќе од симболичен акт на Алексис Ципрас. Неговото спротивставување кон Германија и барањето да се преиспита долгот на државата го доведе на власт.
Но за да го спроведе тиоа што го ветува, Ципрас мора да направи многу повеќе од соочување со Германија. Мора да ги победи скептичните даночни плаќачи во цела еврозона, што претставува предизвик и за европските лидери уште од 2008 година, кои ги убедуваа дека Грција заслужува помош- анализира „Блумберг“.
Дури и по седум години разурнувачка рецесија, Грција останува многу побогата од повеќето нејзини соседи. Порастот на домашниот производ е 22.000 долари по лице. Во Албанија е 4.000, во Македонија е 4.000. Во Бугарија, која е, исто така, членка на ЕУ – изнесува 8.000 долари.
„Многу е тешко да му се објасни на бугарскиот работник дека треба да оддели од својот данок за да им помогне на Грците, кои се побогати од него“, го цитира „Блумберг“ Руслан Стефанов од Центарот за изучување на Демократијата. „Ако трошите пари како во Грција, би требало да трошите и во Бугарија и во другите источноевропски држави. Тоа е аргументот на тукашните политичари“- додава тој.
Тој не негира дека состојбата во Грција не е драматична, земјата доживеа економска девастација на степен виден само во војна; срушувајќи го грчкото БДП на четвртина, а невработеноста нарасна на 26 проценти – што е повеќе од американското во времето на Големата депресија.
И сè уште алтернатива на сиромаштијата се парите, а парите доаѓаат од некаде. Додека Ципрас ќе страда ако се врати со празни раце пред Грците што го избраа, исто така политичарите, како тие во Германија, би страдале ако се обидат да им продадат простување на долгот на националните парламенти и на гласачите.
Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, познати како „Тројка“ држат околу 240 милијарди во грчкиот долг, од тоа најмногу околу 70 милијарди отпаѓаат на германските даночници, каде што има и најмало разбирање за државата во која се смета дека се живеело над своите потреби.
„Постои чувство во Германија дека правиме отстапки одново и одново“, вели Марсел Фратцер, професор од економски институт од Берлин. „Која е црвената линија во Берлин, која никој не сака да ја види? Зборот ’шишање‘. Никој не сака да види простување на долгот“.
Официјално, партијата на Ципрас сака да нагласи дека Германија по Втората светска војна, државата не само што добила фонд за реконструкција според маршаловиот план, туку и големо олеснување на долговите. Ципрас нагласува дека ќе бара од Германија да плати за отштета за разурнувањата при нацистичката окупација и да врати, со камата, заем од 14 милијарди, кои грчката влада била присилена да ги даде во тоа време. Тешко е да се замисли кој било договор прифатлив за германските обврзници – реорганизација и проширување на грчкиот долг во замена за отстапки во однос на економската структура – би можело да биде прифатливо за Ципрас и за неговите гласачи.
Алтернатива на договорот е излез на Грција од еврозоната, што ќе ја погоди европската и глобална економија. Но Грција ќе биде многу најпогодена, откако депонентите ќе го подигнат капиталот од банките и ќе ја напуштат земјата. За другиот дел од ЕУ, ослободувањето од долгот е еднакво штетно поткопувајќи ги натамошните напори за управување со европските финансии, додека се обезбедува преседан за други држави да ги избегнат нивните обврски. За Шпанија и за Ирска, договор за помош на Грција би значело поткопување на поддршката на централните власти.
„Тоа би збачело засилување на опозициските партии“, вели Џастин Најт од УБС Лондон.
Бугарија помина низ своја должничка криза во деведесеттите, губејќи околу една третина од БДП, а дури неодамна го исплати долгот зајмен за време на социјалистичкиот период.
„Постои јасно уверување дека Грција не прави доволно за да бара дополнителна помош од европските партнери“, вели Стефанов. Како Бугарија, и Грција е корисник на ЕУ, добивајќи многу повеќе од што уплаќа во Брисел, во земјоделски фондови и во фондови што ЕУ ги разделува во нејзините најсиромашни држави. Од 2014 година до 2020 година, државата ќе добие над 17 милијарди од ЕУ.
„Грција добива средства од фондовите на ЕУ уште од 1982 година. Ви се молам, зар тоа не е раскошно финансирање, зар тоа не е Маршалов план?“ го пренесува „Блумберг“ Стефанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција