| четврток, 6 декември 2018 |

Враќањето на топонимите ќе се одбележи со голема прослава

Pustec

Македонците во Пустец подготвуваат голема прослава, за во понеделник, кога се надеваат дека нивната општина ќе си го врати името. Наместо Лиќенас, како што ги крстија албанските власти, повторно да добијат табла со името Пустец.

Иако требаше законот вчера да го мине собранискиот филтер во Тирана, поради неработниот ден, ставен е на дневен ред во понеделник.

Првиот човек на општината и лидер на македонската алијанса за европска интеграција , најави бојкот на изборите во Јуни доколку албанските политичари не си ги исполнат ветувањата, а борбата за враќање на македонските топоними ќе продолжи.

Освен името на Пустец, предвидено е своите македонски имиња да ги добијат и населени места Леска, Зароше и останатите. По четириесет години, откако Енвер Хоџа ги наметнат албанските топоними, нашинците се убедени дека сега ќе го добијат заслуженото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top