| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП: Не е точно дека има застој во исплатата на хонорарите

ujp-zgrada

-Не се точни изнесените информации дека во изминатиот период имало застој во исплатата на хонорарите поради УЈП и дека исплатата може да почне откако УЈП ги објави најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите за оваа година. Вчерашната објава поврзана со просечната плата за јануари 2015 година и на најниската и највисоката основица за пресметка на придонеси за 2015 година е вообичаена, односно овие податоци УЈП ги објавува на почетокот на секоја календарска година и истите немаат поврзаност и не се однесуваат на начинот на пресметка на придонесите за договорите за дело и авторските договори – реагираат од УЈП по информациите дека нема исплата на хонорари поради некоординираност околу спроведувањето на законските измени.

Тие додаваат дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши во согласност со роковите кои ги договориле договорените страни, а како и досегашната практика и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок.

-Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен. Со цел навремено поднесување на првите пресметки за месец Јануари за придонесите на договорите за дело и авторските договори, кои се доставуваат до УЈП најдоцна до 10 февруари, во текот на денешниот ден на веб страницата на УЈП ќе бидат објавен клиенсткиот софтвер за МПИН пресметка во кој ќе бидат вградени сите новини во врска со пресметките на придонесите за договорите за дело и авторските договори, како и насоки за поднесување на пресметките – велат од УЈП

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top