| четврток, 6 декември 2018 |

Банда малолетници нападнале и ограбиле скопјанка во нејзиниот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава за 17 и 12-годишни деца за сторено кривично дело разбојништво.

На 20 јануари пријавените насилно влегле во дворот од куќа на ул. „Славеј Планина“ во Скопје и преку незаклучена влезна врата се упатиле во дневната соба, каде што со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над сопственичката. Откако сопственичката им кажала дека нема пари, зеле телевизор, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top