| четврток, 6 декември 2018 |

„Полноќен воз“ на Ана Јакимска ја доби единствената награда на фестивалот во Трст

Нацрт-сценариото за долгометражниот игран филм „Полночен воз“ (Midnight train) на Ана Јакимска ја доби единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија, на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји.

Јакимска е студент на Катедрата за филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности, во класата на Антонио Митриќески, а проектот е работен под менторство на Сашко Насев, професор по филмско и ТВ-сценарио.

Наградата ѝ ја додели Павел Јех, декан на филмската академија ФАМУ во Прага. Таа е во форма на грант за учество на работилницата MIDPOINT во Чешка и во Словачка.

– Програмата трае три месеци и вклучува две резиденцијални работилници и две е-сесии. Резиденцијалните сесии ќе се одвиваат во јуни иво  август. По завршувањето на втората работилница, проектите ќе имаат шанса да бидат презентирани пред претставници од европски филмски програми и институции, продуценти и останати филмски професионалци, овозможувајќи им на проектите да добијат интернационални копродуценти – соопштија од Факултетот за драмски уметности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top