| четврток, 6 декември 2018 |

„Шеќерна волна“ го отвори второто издание на „Ноќта на венчаници“

lidija georgieva

Двоецот  Лидија Георгиева и Зили (Lidiya Georgieva&Zili) со колекцијата „Шеќерна волна“ ќе го отвори второто издание на „Ноќта на венаниците“, вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ во организација на Моден викенд Скопје.

lidija georgieva1

„Шеќерна волна“ е премиерна колекција настаната како производ на ексклузивна соработка меѓудизајнерката Лидија Георгиева и модниот салон „Зили“. Составена е од рачно изработени венчални фустани и фустани за коктели во кроеви инспирирани од романтичната историја на Европа.

lidija georgieva2

На втората ревија беа презентирани венчаници од  „Емили ексклузив дизајн“ од Струмица за пролет/лето 2015 година. Веднаш по нив „Елизабет дизајн студио“, кое постои речиси две децении премиерно се претстави со колекцијата за пролет /лето 2015 година наречена „Букет со камелии“.

unnamed

unnamed (1)

Од „Ателје Марија Антоанета“ публиката ја проследи ревијата со креации од колекцијата „Кралица на розите“ за пролет/лето 2015 година.

unnamed (7)

unnamed (2)

Ателје „Ал Апарел“ ја прикажа колекцијата „Рефлексија“ ( Reflection) низ која се провлекуваат форми и елементи инспирирани од фолклорот преточени во современ, модерен стил.

unnamed (4)

Вечерта посветена на невестите ја затвори модната куќа „Менакон“ од Косово чии креации се достапни и во Македонија, во бутикот „Адора фор ју“ (Adora for You) во Тетово.

unnamed (9)

Креациите ги носеа манекенките од модната агенција „Подиум“ надополнети со накит од „Ристески“, кои со години рачно изработуваат уникатни парчиња од охридски бисери.

фото: Томислав Георгиев и Ани и Дими

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top