| четврток, 6 декември 2018 |

Ветер до 80 км/ч и обилни дождови

dozd i veterУтринава времето е променливо облачно, во Маврово има врнежи од снег. Дува слаб до умерен, а во Пелагонија и Штипско засилен (60км/час) јужен и југоисточен ветер.

Утринските температури измерени во 7 часот се движат од -1 до 6 степени и тоа:

-1 Маврово и К.Паланка, 0 Лазарополе и Крушево, 1 Скопје –Петровец, Битола, Прилеп, Кавадарци и Тетово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Струмица, 3 Претор и Виница, 4 Штип, 5 Охрид и Дебар до 6 во Д.Капија, Гевгелија и Дојран.

Во текот на денот не очекува променливо облачно со засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80 км/час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално над 40 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми.Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно со засилен јужен ветер. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни.

Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Утре во раните утрински часови во западните делови и на некои повисоки места врнежите може на кратко да преминат во снег. Потоа во претпладневните часови ќе има извесен прекин на врнежите, но повремено ќе дува засилен југозападен ветер. Нов поинтензивен влажен бран ќе има почнувајќи од попладневните часови, па се до недела попладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и повремено силен ветер. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top