Времето утре во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а во пладневните часови облачноста почнувајќи од запад ќе се зголемува.
Ќе дува засилен, повремено и силен ветер од јужен правец со удари коишто ќе достигнуваат и над 80 километри на час.
Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови каде што локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.Ноќта кон сабота висината на снежните врнежи ќе се спушта во западните делови и во некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од осум до 12 степени.
Во Скопје ќе се задржи променливо облачно време со засилен југоисточен ветер. Попладне и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд кои повремено ќе бидат и пообилни.
Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Нови пообилни врнежи се очекуваат во сабота ноќта кон недела и во недела во текот на денот кога повремено врнежите ќе бидат и поројни проследени со грмежи и со силен ветер.
Температурата во недела ќе биде повисока и ќе се движи некаде помеѓу девет и 14 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.