
Студиото „Јуниверзал Пикчрс“ објави дека почнало снимањето на нов филм за Стив Џобс, која е втора екранизација на животот на еден од најголемите имиња во светот на своремената технологија.
Првиот филм за животот на Стив Џобс „Џобс“, каде главната улога ја играше Ештон Качер, е снимен во 2013 година, но не го постигна очекуваниот успех.
Новата биографска драма за Џобс ќе биде наречена едноставно „Стив Џобс“, а режисер е Дени Бојлe, кој го режираше „Сиромавиот милионер“ од 2008 година.
Филмот делумно ќе се одвива во бекстејџот на дигиталната револуција во чие средиште беше Џобс, но фокусот сепак ќе биде неговиот интимен портрет, како иноватор и визионер.
Кејт Винслет ќе ја глуми поранешниот шеф на маркетинг на „Мекинтош“, Сара Снук – Пи-Ар и маркетинг експертот Андреа Канингем, додека поранешната девојка на Џобс, Крисан Бренан ќе ја игра Кетрин Еатерстон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


