
Дваесет и три години откако новинарот на „Венити фер“ ја обвини Кортни Лав дека се дрогирала за време на бременоста, реши да ја каже вистината.
Лав (50) во најновиот документарен филм посветен на нејзиниот сопруг Курт Кобејн, признава дека земала хероин додека била трудна со ќерката Френсис Бин Кобејн.
– Тоа го направив само еднаш и престанав. Знаев дека бебето ќе биде добро – вели Кортни во документарецот.
Се до тогаш Кортни и нејзините претставници за медиумите одрекувале дека пејачката земала хеорин додека била бремена и додава дека таа и Курт Кобејн многу тешко го поднеле одземањето на нивнатта ќерка. Тоа се случило откако текстот излегол во весник.
Контроверзната рокерка признала дека користела хероин, но само во првите три недели од бременоста, бидејќи не знаела дека е бремена.
– И, сега што? Не знаев дека сум трудна. Кога знаете дека имате бебе сигурно нема да направите нешто толку глупаво – изјави Лав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


