| четврток, 6 декември 2018 |

По само две недели откако беше избрана, Теута Камбери-Лала поднела оставка во ПДП

teuta

Младата професорка Теута Камбери-Лала, актуелна претседателка на партијата на Албанците – Партијата за демократски просперитет (ПДП), се повлекува од лидерската позиција, пишува „Утрински весник“. По само две недели откако беше избрана за партиски лидер, Лала поднела неотповиклива оставка, поради опструкции во партијата. 

„Мојата оставка е одраз на големи нешта со кои не можат да се покријат личните интереси и амбиции на некои поединци. Лично не сакам да бидам дел од таканаречените „матни води“, вели Камбери-Лала, во изјава за „Утрински весник“. Таа додава дека иако се откажала од претседателското место во ПДП, не се откажува од нејзините политички идеи и идеали, но не соопштува кога и на кој начин ќе ги реализира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top