| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Честитка од претседателот Иванов до папата Франциск

ivanov so papa

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати честитка до новиот папа на Римокатоличката црква, посакувајќи му притоа добро здравје, лична среќа и успешно вршење на мисијата.

– Искрено се надевам дека вашиот високоценет ангажман, вашата посветеност кон христијанските вредности и принципи ќе овозможат да се соочите со многубројните предизвици на денешницата. Воедно, верувам дека вашиот углед и авторитет ќе помогнат во одбраната на универзалните вредности за кои се залагаме, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот, толеранцијата и меѓусебната почит. На тој план, во мене и во Република Македонија, ќе имате партнер и пријател – вели претседателот Иванов во честитката.

Во неа шефот на државата изразува уверување дека во периодот што следува, пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светата столица уште повеќе ќе се зацврстуваат и продлабочуваат.

– Повторувајќи ги моите честитки до вас и до сите верници на Католичката црква, посакувајќи Ви долг и благословен понтификат, Ви ги упатувам Ваша Светост, изразите на моето највисоко почитување – додава претседателот Иванов во честитката до папата Франциск.

Фото: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top