
Jавниот обвинител во Суботица денеска покрена обвинение против Драган Ѓуриќ поради основано сомнение дека извршил силување и тешко убиство, пренесува Танјуг.
Како што соопшти Вишиот суд во Суботица, обвинението е поднесено и доставено до обвинетиот и неговиот бранител.
Обвинетиот и бранителот имаат осум дена да достават одговор на обвинението, по што следува испитување на обвинителниот акт.
На обвинетиот му е продолжен притворот за 30 дена поради опасност од бегство, опасност од повторување на делото, начинот на кој е извршено делото и тежината на кривичното дело.
Инаку, монструмот кој ја уби малата Тијана Јуриќ беше уапсен ноќта меѓу 6 и 7 август минатата година. Тој признал дека го извршил ова кривично дело и ја одвел полицијата до местото каде што ја закопал жртвата.
Тијана Јуриќ исчезна на 26 јули 2014 година, по полноќ, во близина на спортскиот центар „Рата“ во Бајмок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


