Taткото на ѕверски убиената Тијана (15), Игор Јуриќ, главниот иницијатор за новиот закон во Србија, предмалку ја објави својата горка победа.
Тијаниниот закон е усвоен, а Јуриќ се заблагодари за целата поддршка на јваноста.
Тијаниниот закон предвидува потрагата за исчезнато дете да почне веднаш по пријавата на родителите, а не како досега да се чека да поминат 48 часа. Во потрагата веднаш би се уклучиле сите расположливи полициски служби, како и оперативци на Службата за борба против високотехнолошки криминал.
Предлогот за овој закон Јуриќ го поднесе за никогаш да не се повтори она што ѝ се случи на неговата ќерка.
Доколку полициската потрага по Тијана Јуриќ започнела веднаш и полицијата го лоцирала на време нејзиниот телефон, преку кој пак подоцна е пронајден нејзиниот убиец, до трагичниот крај веројатно не би дошло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.