Редакцијата на „Нова Македонија“ во текот на изминатата вечер беше цел на крадци, кои украдле компјутери и друга техничка опрема, објави весникот.
Станува збор за провална кражба извршена со обивање на заштитната решетка и кршење прозорец од редакцијата.
Вработените веднаш по доаѓањето на работа го пријавиле случајот в полиција, по што екипи од МВР, меѓу кои и крим-техничари, извршиле увид на местото на настанот. Точната бројка и вредноста на украденото сè уште се истражуваат, но, според првичните процени, станува збор за штета од десетици илјади евра. Истрагата за немилиот настан и идентификувањето на крадците се вршат со засилено темпо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.