
И покрај повредата на скочниот зглоб која ја заработи на гостувањето во Атланта, најавите од Индијанаполис се дека првиот стрелец на Лејкерси сепак би можел да настапи на вечерашниот дуел со Пејсерси.Стандардните прогнози за отсуство од теренот поради повреда очигледно не се релевантни и кога Коби Брајант е во прашање. Иако според сите најави му се предвидуваше пауза од најмалку една седмица или 3-4 пропуштени натпревари по повредата на скочниот зглоб со која се здоби во финишот од поразот во Атланта, Брајант би можел да се врати на паркетот уште вечерва во Индијанаполис.
Првата ѕвезда на Лејкерси денеска бил дел од лесниот утрински тренинг со соиграчите и вечерва ќе биде во комбинација за настап сè до последниот момент, односно до пред почетокот на натпреварот кога, во зависност од состојбата на неговиот скочен зглоб, ќе биде одлучено дали ќе биде во тимот за пресметката со Пејсерси.
Инаку, во меѓувреме се огласија од страна на НБА лигата во врска со повредата на Брајант, која според Лејкерси и самиот играч намерно била предизвикана од страна на бекот на Хоукси, Данте Џонс.
Од НБА потврдија дека Џонс при шутот на Коби на 4.9 секунди до крајот на средбата го фаулирал бекот на противничката екипа со тоа што се подместил со своето тело и не му дозволил на Брајант безбедно да доскокне по упатениот шут. Тоа на крај и резултираше со повредата на првиот стрелец на Лејкерси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коби Брајант: По 20 години одиграни во НБА чудно ми е што не ми недостига кошарката
-
Лос Анџелес го слави Коби, 24.08 е „Денот на Црната Мамба” (видео)
-
Ѕвездите со емотивни говори се простија од Коби, Џек Николсон размислува и тој да се пензионира (видео)
-
Коби Брајант ја заврши кариерата со стил, на последниот натпревар постигна 60 поени (видео)


