| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден машки труп во селото Миравци

mrtovecМашки труп е пронајден вчера во 10 часот и 25 минути. Граѓанин пријавил дека во атарот на селото Миравци кај местото Вирот, во непосредна близина на железничката пруга бил забележал машки труп. На местото излегле јавен обвинител и екипа од полицијата, а од екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт која настанала како последица од удар во пределот на главата нанесен од воз. Кај починатото лице не се пронајдени документи за идентификација и се претпоставува дека најверојатно се работи за странски државјанин.

Телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top