| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на краткиот игран филм „Несигурна смрт“

Снимањето на краткиот игран филм на „Лавиринт продукција“ со работен наслов „Несигурна смрт“ почна денеска. Сценариото и режијата се на Петар Џуровски, а директор на фотографија е Горан Наумовски. Улогите се на Драгана Костадиновска, Димитар Ѓоргиоски, Дејан Лилиќ, Владимир Тулиев и Игор Доневски. Филмот ќе се снима на неколку локации во Скопје во наредните десетина дена.

Кратката играна форма е голем уметнички предизвик, пред сè, поради ограниченото време за израз, кое бара особена режисерска вештина во начинот и стилот на филмската нарација.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top