| четврток, 6 декември 2018 |

Две филмски премиери во „Милениум“

На репертоарот на кино Милениум, неделава која следи љубителите на филмот ќе имаат можност да проследат две нови филмски остварувања. Од денеска (29 јануари), во терминот од 20:00 часот, најновата „шпиунска“ пародија „Мортдекаи“ („Mortdecai“), на режисерот Дејвид Коеп, со одлична актерска екипа, предводена од Џони Деп, Гвинет Палтроу и Иан Мекгрегор.

Истовремено справувајќи се со разлутените Руси, Британската тајна служба, неговата долгонога сопруга и меѓународен терорист, веселиот трговец со уметнички дела и измамник, Чарли Мортдекај е принуден да го мине целиот свет вооружен само со својот добар изглед и шарм, со цел да врати една украдена уметничка слика, за која се смета дека го содржи кодот на една загубена банкарска сметка полна со злато од нацистите.

За најмладите пак, следува ново задоволство, анимираниот „Астерикс: Град на боговите“ („Astérix: Le domaine des dieux“), во режија на Луи Клиши и Александер Остие осамнува на репертоарот на кино Милениум, во дневните термини.

Со цел да го уништи галското село на кој било начин, Цезар планира да ги претопи селаните, наметнувајќи им ја римската култура. Така тој почнува да гради во близина на селото, за да започне нова римска колонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top