| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Меси“ од 12 февруари во „Синеплекс“

Филмот за животот и за кариерата на четирикратниот освојувач на „Златната топка“ и прва ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, пристигнува во киното „Синеплекс“ на 12 февруари. Филмот „Меси“ го режираше прочуениот шпански режисер Алекс де ла Иглесија, кој инаку е познат по модерните хорор-филмови, како и фантастичните.

– Ако го споредиме со Кристијано Роналдо, кој е шармантно згодно момче и кое ужива во својата слава и гламурозниот живот на ѕвезда, ќе видиме еден сосема различен човек. Меси не е таков. Тој единствено сака да игра фудбал и тоа е јазикот на којшто зборува. И токму тоа ме мотивираше и поради тоа сакав да снимам филм за него – вели Алекс де ла Иглесија.

Сценариото за филмот „Меси“ го напиша Хорхе Валдано, легендата на Реал Мадрид и освојувач на мундијалот со Аргентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top