| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Талевски: Во Битола нема опасност од поплави

VladimirTalevski

Битолскиот градоначалник Владимир Талевски на денешната прес-конференција соопшти дека нема опасност од поплави во Битола, затоа што каналската мрежа е исчистена, оцени битолскиот градоначалник Владимир Талевски, на денешниот редовен состанок со градскиот Центар за управување со кризи.
– Големите проблеми пак, со шумските пожари кои најчесто се појавуваа летниот период, во општина Битола се надминати. Ефикасноста е зголемена со максимална концентрација на превентивниот дел. Задоволен сум од работата на ЦУК и Дирекцијата за управување со кризи. Сепак, моравме да најдеме начини од повеќе аспекти кои не направија многу поефикасни. Се концентриравме главно на превентивниот дел. 2012 во однос на 2011 год е за 80 пожари пократка, односно толку пожари имало помалку пожари – рече Талевски.
Тој најави дека со проектот за прекугранична соработка, каде  се поврзаа Битола, Прилеп и Лерин од Грција, покрај заштитната опрема, набргу во градот ќе пристигне и софистицирана опрема за превенција од временските стихии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top