Кајри Ирвинг одигра симултанка против Портланд блејзерс и речиси сам му донесе победа на Кливленд од 99 – 94. Бекот на Кавалирс постигна 55 поени, што е рекорд во оваа сезона во НБА-лигата, а патем имаше 11 поени повеќе од сите останати кошаркари од неговиот тим.
Досегашниот рекорд го држеа Мо Вилијамс и Клеј Томпсон со по 52 поени.
Машинеријата од Атланта не застанува и ја забележи 17-та победа во серија со нов триумф над Бруклин со 113-102. Перо Антиќ не беше расположен и забележи 8 утки, без погодок од поле и мечот го заврши со само 2 поени за 15 минути игра. Хоукс се водечка екипа во источната конференција со биланс 38-8.
Резултати: Кливленд – Портланд 99-94, Атланта – Бруклин 113-102, Филаделфија – Детроит 89-69, Торонто – Сакраменто 119-102, Хјустон- Далас 99-94, Минесота – Бостон 110-98, Њу Орлеанс – Денвер 85-93, Њујорк никс – Оклахома 100-92, Сан Антонио – Шарлот 95-86, Јута – ЛА Клиперс 89-94, Феникс – Вашингтон 106-98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



