По „несреќниот“ прст кој заврши во задникот на бразилскиот играч, потег што го виде целиот свет, капитенот на хрватската репрезентација Игор Вори повторно имаше испад во четврт-финалето против Полска. Пред крајот на првото полувреме младиот полски пивот Камил Сипрзак падна по еден клинч со Штрлек, а потоа одзади Вори му ја наби главата во паркетот.
Хрватската јавност потегот на Вори го оценува како сосема непотребен бидејќи противникот веќе бил на земја, а играта сопрена. Потегот можеше да предизвика посериозен инцидент, но, за среќа, се мирно заврши. Дали Хрватите се преблаги во критиките за односот на Вори погледнете на видеото и проценете сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


