| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Вори го напушта ПСЖ и се враќа во Загреб

igor vori

Хрватскиот пикер Игор Вори го напушта ПСЖ и од следната сезона се враќа повторно во дресот на ППД Загреб, пренесува ракометниот портал „Балкан-хендбол“ (balkan-handball.com). За 36-годишниот Хрват нема место во новиот состав на францускиот тим и тој по седум години реши да се врати во својот стар тим кој го напушти во 2009 година кога замина во Хамбург.

Искуството на Вори ќе биде добредојдено за тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, кој на пикерската позиција ги има Шушња, Контрец и Сабљиќ, но ниеден од нив не е играч од топ-класа.

Во својата богата кариера, Игор Вори има настапувано за Загреб, италијанскиот Паламано, Барселона, Хамбург и за ПСЖ. Во францускиот тим Вори дојде во 2013 година од Хамбург, со кој настапуваше и во Скопје во рамките од Лигата на шампионите против Металург и Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top