| четврток, 6 декември 2018 |

Тејлор Свифт цел на хакерски напад

swift11

Непознати хакери упаднале на профилите на пејачката Тејлор Свифт на „Твитер“ и на „Инстаграм“, по што набрзо почнала да добива закани дека ќе бидат објавени некои нејзини разголени фотографии.

Но, според нејзината информација на „Твитер“, Тејлор остава впечаток дека не е премногу загрижена поради ваквите закани.

swift

– Некој ми ги хакирал профилите, но не грижете се. „Твитер“ ќе ги избрише нивните налози и ќе го заклучи мојот профил сè додека не се утврди како се случило сето ова, по што ќе ми даде нови лозинки – напиша Свифт.

Во врска со заканите за објавување на нејзини разголени фотогравии, Тејлор вели дека нема од што да се плаши, бидејќи и нема такви фотографии.

10744677_10152657324338881_1749568763_n

– Можат бда ги направат во Фотошоп, додаде Свифт, која е четврта најпопуларна личност на Твитер со над 50 милиони следбеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top