Македонецот Т.Н. тврди дека на фотографија која што ја сликал со мобилен телефон, се појавил одамна починатиот другар. На фотографијата се гледа сенка од војник за кој некои сметаат дека е фотомонтажа, а други пак, веруваат во нешто натприродно.
Се работи за средба и дружење на неколку школски другари од цела Југославија, кои во септември минатата година се собрале кај Сребреното Езеро во српскиот Национален парк Ѓердап.
На фотографијата направена од Македонецот Т.Н., се појавува лик за кого тој вели дека во изгледот, ликот и ставот личи на нивниот одамна починат другар од ЈНА, Босанецот Ф.М., кој загинал во 1992 година.
Според Т.Н., фотографијата не го напуштила неговиот мобилен телефон и никој не ги разгледувал фотографиите од средбата. Кога неодамна ги отворил, следел шок.
Т.Н. го открива својот идентитет во коментарите на статијата на „Фејсбук“. Тој тврди дека се работи за автентична фотографија и дека се уште ја има во својот мобилен телефон, а доколку некој има техничка можност за нејзинот вештачење, радо би ја предал, за овој неверојатен случај да биде разјаснет.
– Да беше фотошоп немаше да бидеме во шок, јас лично ја направив фотографијата – вели тој.
Т.Н. е оженет во Сараево и веќе со години живее и работи таму, а приказната ја споделил за босанскиот „Машки портал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)