Десет шпански католички свештеници се обвинети за учество или помагање во злоупотребување на едно момче, се наведува во денеска објавените судски документи за овој случај, за кои папата Франциск помогна да добијат јавност.
Судијата Антонио Морено официјално обвини 10 свештеници и две цивилни лица од градот Гранада, на југот од Шпанија, за сексуално злоупотребување на едно момче, од 2004 година, кога жртвата имала 14 години, до 2007 година.
Папата Франциск изјави дека наредил црковна истрага бидејќи момчето (25) му напишало дека како дете, додека било министрант во црквата, било злоупотребувано од свештениците.
Втор маж (44), исто така, обвини еден од свештениците за злоставување на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, се наведува во судските списи.
Судијата побара правно мислење дали овие злосторства подлежат на рок на застарување, пренесуваат француските медиуми.
Групата за подршка на жртвите од злоставувања, во реакцијата на одлуката на судот, денеска го повика папата да го смени надбискупот на Гранада, Франсиско Хавијер Мартинес.
Откако во 2013 година го наследи папата Бенедикт Шеснаесетти на местото поглавар на римокатоличката црква Папата Франциско зазеде став за нулта толеранција кон злоставувањата што свештеници ги сториле врз деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


