Публикацијата „Кризите на модерниот свет“ (регионални и глобални предизвици за либералната демократија наспроти религиозниот фундаментализам) која денеска беше промовирана под уредништво на доц. д-р. Иванка Додовска на Правниот факултет „Јустинијан Први“, претставува едно значајно истражување и научен труд во кој се сублимирани повеќе академски погледи за еден од најголемите и најактуелните проблеми на 21 век – верскиот радикализам и заканите за човештвото со кои се соочуваат модерните држави.
– Идејата за проект за една вака горлива тема произлезе од низа разговори со политиколози за опасноста од верскиот радикализам, и главното прашање „што можеме да направиме“ за да се справиме со оваа девијантна појава на модерното време – вели уредничката на изданието доц. д-р. Иванка Додовска.
Во оваа проектна активност учествуваа професори и студенти од Правниот факултет, како и новинарката Катерина Нешкова и доц. д-р Оливер Андоновски.
Реализирана е од страна на Институтот за цивилен развој и политолошки анализи „Республика“ од Скопје со поддршка на Фондацијата Кондар Аденауер.
Публикацијата е достапна и во електронска форма на македонски и албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





