Намалување на малолетничката деликвенција и опаѓање на бројот малолетници евидентирани како сторители на казнени дела во изминатата 2014 година, покажуваат аналитичките податоци на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Минатата година се регистрирани 24 малолетници како директни извршители на кривични дела во Охрид, што претставува намалување во однос на 2013 година кога 31 малолетно лице биле евидентирани како извршители на кривични дела.
Во текот на 2014 година се регистрирани пет малолетници – повторители на деликвенција, што е за еден помалку отколку во 2013 година. Малолетниците во текот на изминатата година сториле 22 кривични дела „тешка кражба“, 10 кривични дела „кражба“, едно кривично дело „разбојништво“, две кривични дела „тешка телесна повреда, едно кривично дело „силување“ и едно кривично дело „учество во тепачка“. Кривичните дела најчесто биле извршени самостојно, а во помал број случаи се организираат во помали групи.
Од СВР Охрид најавуваат дека во рамки на превентивно работење ќе бидат интензивирани напорите за понатамошно намалување на малолетничката деликвенција, преку поголемо ангажирање и проектни активности со Локалниот совет за превенција од малолетничко претстапништво, со образовните центри, со советодавните групи граѓани, со родителите, старателите како и останатите институции на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.