| четврток, 6 декември 2018 |

Децата на мигранти, родени или пораснати во Грција ќе добијат грчко државјанство

grci

На сите деца на мигранти кои се родени и пораснале во Грција ќе им се даде грчко државјанство, соопшти грчката заменик-министерка за миграциска политика Тасиа Христодулопулус, јави дописникот на МИА од Атина.

– Сириза вети дека ќе им даде грчко државјанство на сите деца кои се родени и пораснале во Грција, таканаречената втора генерација мигранти – изјави заменик-министерката.

Таа додаде дека сите тие деца кои не знаат за друг дом, „дури и оние кои не се родени тука туку дошле во Грција многу мали, оделе и завршиле училиште во Грција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top