| четврток, 6 декември 2018 |

Пробал да ја убие зашто сакала да му раскине

Педесет и седумгодишниот Л.Б. од с. Горна Бањица, Гостиварско, заработи кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од страна на гостиварската полиција.

Имено, пријавениот на 16 ноември минатата година се обидел да влезе во станот на 44-годишно женско лице со која жживеел вонбрачно. Откако таа не му дозволила, Л.Б. преку прозорец влегол во нејзиниот стан, физички ја нападнал и се обидел да ја повреди со нож.

Мотив за извршување на кривичното дело е што оштетената сакала да ја прекине љубовната врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top