| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот слеп министер седна во грчката Влада

blindminister
Новиот министер за здравство во Кабинетот на Ципрас, Панајотис Куроблис е првиот грчки политичар со посебни потреби кој ќе седи во Владата. Куроблис е поранешен член и пратеник на ПАСОК, а беше исклучен од партијата бидејќи во 2011 година тој беше единствениот „социјалист“ кој гласаше против мерките за штедење на Владата на Папандреу, за кои „за“ гласаа и пратениците од тогаш опозиционата Нова Демократија на Самарас.На вчерашната церемонија на давање заклетва во претседателската палата, двајца помошници му асистираа да го потпише нејзиниот текст.
1blindminister

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top