Популарниот кантавтор и пеач Џастин Бибер имаше огромно влијание во изборот на стартната петорка на Источната конференција за „Ол-стар“ мечот на НБА ѕвездите што ќе се игра на 15 февруари во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.
Канаѓанецот уште еднаш покажа дека е мошне влијателен и популарен, а директно му помогна на сонародникот Кајл Лаури да се протне во почетната петорка на Истокот.
Лаури игра за Торонто репторс и заостануваше за повеќе од 100 илјади гласа зад Двејн Вејд, но експресно го мина благодарение на Бибер.
Џастин јавно ги повика своите 6 милиони следбеници на Твитер да гласаат за Лаури и успеа да му помигне да биде стартет на спактаклот во Њујорк. Собирот на сите ѕвезди во Големото Јаболко ќе влезе во историјата на НБА лигата, бидејќи за првпат двајца браќа ќе бидат во почетните петорки на спротивните страни.
Марк Гасол ќе го почне мечот како прв центар на Западната конференција, а ривал ќе му биде неговиот брат Пау како крилен центар на Западот.
Шанса за настап има и нашиот Перо Антиќ, но на натпреварот популарно наречен „Рајзинг стар челенџ“. Од ова издание ќе се игра по нов формат и ќе настапат НБА играчи од САД против ѕвзедите што се прва или втора година во НБА од Остатокот на светот. Антиќ и лани беше избран да игра на спектаклот во Њу Орлеанс, но го пропушти поради повреда.
Стартни петорки: Исток – Кајл Лаури, Џон Вол, Пау Гасол, Леброн Џејмс, Кармело Ентони.
Запад – Стефон Кари, Коби Брајант, Марк Гасол, Ентони Дејвис, Блејк Грифин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.