Водата од градскиот водоводен систем во Штип може да се пие. Испитувањата покажале дека водата која ја дистрибуира штипското комунално претпријатие хемиски и бактериолошки е исправна.
Во наредниот период мерките на хигиена треба да се зголемат и да бидат на највисоко ниво, бидејќи поплавите создаваат услови за појава на заразни заболувања, апелираат епидемиолозите. Најголемо внимание треба да се обрати во воспитно-образовните институции.
Од денес може да се пие и водата во Пробиштип. Што се однесува до лакавичкиот регион, таму месното население се уште користи вода од цистерни, кои до нив ги дистрибуира јавното претпријатие Исар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.