Американскиот претседател Барак Обама по повод 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор во Аушвиц преку соопштение предупредува да се води борба против новите појави на антисемитизам и апелира до меѓународната заедница да не дозволи таков геноцид.
Тој наведува и дека никогаш не треба да се заборави смртта на шесте милиони Евреи и другите луѓе, убиени од нацистичкиот режим.
– Неодамнешните терористички напади во Париз болно не потсетија да ги осудуваме и да се бориме против новите појави на антисемитизам во секакви форми, независно дали е негирање или банализирање на холокаустот, се посочува во соопштението.
На церемонијата не присуствуваа ниту Обама ниту неговиот заменик Џо Бајден. Претседателската делегација ја предводеше секретарот за финансии Џек Лу.
Во 2005 година, на одбележувањето на 60- годишнината, делегацијата ја предводеше потпретседателот Дик Чејни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


