| четврток, 6 декември 2018 |

Обама во посета на Саудиска Арабија

обама

Американскиот претседател Барак Обама со 30-члена делегација пристигна во Ријад, за да изрази сочувство за смртта на кралот Абдул и да се сретне со неговиот наследник кралот Салман.

Во делегацијата на Обама има и членови од Републиканската партија. Обама ја скрати посетата на Индија, за четири часа да претстојува во Ријад. Првата негова средба треба да биде со новиот крал Салман.

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе му се придружи на Обама во Ријад, заедно со поранешните државни секретари Кондолиза Рајс и Џејмс Бејкер. Во делегацијата е и сенаторот Џон Меккејн, репуибликански конгресмен од Аризона, кој често ја критикува политиката на Обама за Блискиот Исток.

Посетата има за цел да ги подобри односите меѓу САД и нивниот клучен сојузник на Блискиот Исток, Саудиска Арабија. Односите во последните години беа тензични поради подготвеноста на Вашингтон да преговара со Техеран за иранската нуклеарна програма. Обама беше во посета на Саудиска Арабија во март 2014 година.

Саудиска Арабија е најголемата земја-извозничка на нафта во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top