Токио е најсигурен град на светот, покажа индексот на мерење на сигурноста на „Економист интелиџенс јунит“.
На листата уште се и Сингапур, Осака, Торонто, Франкфурт, Лондон, а рангирањето е направено на основа на неколку фактори: дигитална сигурност (сигурност на интернет, кражба на идентитет), здравствена сигурност, инфраструктура и лична сигурност (криминал, степен на плициска подготвеност).
Токио врз основа на овие критериуми е прогласен за најсигурен град на светот, но тоа не значи дека е најдобар во сите овие сегменти.
Сингапур, на пример, кој е втор на листата е најдобар кога станува збор за личната сигурност, а Њујорк и Лос Анџелес се најдобри во сегментот на дигиталната сигурност. Цирих е најдобар град кога станува збор за здравствена сигурност и инфраструктура. Торонто е најдобар град кога се говори за сигурноста, деловното опкружување, демократијата, трошоците за живот…
Ранг-листа на најсигурни градови
1. Токио
2. Сингапур
3. Осака
4. Стокхолм
5. Амстердам
6. Сиднеј
7. Цирих
8. Торонто
9. Мелбурн
10. Њујорк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.