Градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека Управата за имотно правни односи при Министерството за финансии има објавено и вториот оглас за продажба на земјиштето на оваа локација со намена за изградба на хотели од висока категорија.
-Првиот оглас кој беше објавен пред околу месец и половина заврши и на него немаше пријавени кандидати. Со корекција на некои критериуми Министерството за финансии преку Управата за имотно правни односи објави втор оглас кој веќе е во тек. До сега неколку странски компании од Украина, Катар, Англија и од Азербејџан покажаа силна желба и силен интерес да инвестираат во изградба на хотелски комплекси за здравствен туризам. Сметам дека овој пат ќе се најде заинтересирана страна која што во наредните неколку години по купување на земјиштето ќе го реализира тој замислен проект за изградба на луксузен хотел и евентуално за изградба на капацитети кои што би се користеле за развој на здравствен туризам – изјави охридскиот градоначалник Бакрачески.
Доколку вториот оглас за продажба на земјиштето биде успешен, се очекува хотелско- угостителските капацитети на овој потег од охридското крајбрежје да бидат изградени за три до четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.