| четврток, 6 декември 2018 |

Осум Французи загинаа во падот на грчкиот авион во Шпанија

Меѓу десеттемина загинати при вчерашното уривање на грчкиот авион-ловец „Ф-16“ во Шпанија, осуммина се Французи, додека останатите двајца се Грци, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, француските војници што загинаа или се повредени во падот на авионот доаѓаат од воената база 133 во Нанси-Оше.

Според регионалниот телевизсики канал „Франс 3 Лорен“, меѓу осумтемина загинати Французи се еден пилот и навигатор, а другите шестмина се авионски механичари. Меѓу 13-те повредени во инцидентот се и шестмина припадници на француското Воено воздухопловство.

Францускиот претседател Франсоа Оланд испрати телеграми со сочувства до загинатите војници.

Најавено е дека францускиот министер за одбрана Жан-Иве ле Дријан, во текот на денот треба да пристигне на местото на несреќата во Шпанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top