-Се уште е тешко да се поверува дека повеќе не е со нас. Не постои човек кој не го сакаше – рече Владо Калембер (61) на испраќањето на Кемал Монтено на гробиштата Мирогој во Загреб.
Музичарот почина на 21 јануари на негова 67-година откако добил сепса. .Месец дена претходно му трансплантирале бубрег. Многу се радувал на операцијата бидејќи 3 години одел на дијализа. На испраќањето имало околу 1000 луѓе. Сите чекореле во тишина со наведнати глави, а не се труделе да ги сокријат солзите. Раде Шербеџија (68) читал песна, а гласот цело време му треперел. Од Кемал се простил и неговиот најдобар пријател Младен Грдовиќ (50).
– Многу сум тажен. Дојдов од Задар само за да го испратам Кемич. Бевме пријатели 35 години и заедно пеевме во Америка, Канада. Беше душа од човек. Со многу гордост и тага стоев покрај неговото тело – вели Грдовиќ. Додека телото го ставале во автомобилот свирела песната на Кемал „Hvala svima “. Никој од пријателите и колегите, не можеше да ги запре солзите. На испраќањето била и Даниела Мартиновиќ (43).
– Ти благодарам што помина низ мојот живот и остави незаборавен траг – рече таа. Од Кемал се простија и Борис Новковиќ, Жељко Бебек, Иво Јосиповиќ и многу други.
Комеморацијата ќе биде во среда на 28 јануари во 12 часот во сараевскиот Народен театар, а погреб истиот ден во 14:30 часот на сараевските гробишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!