| четврток, 6 декември 2018 |

На годишнината од револуцијата во Египет уапсени 516 лица

револуција

Египетската полиција уапси 516 привзаници на забранетото движење „Муслимански браќа“ за време на насилствата што избувнаа на одбележувањето на четвртата годишнина од револуцијата на 25 јануари, соопшти денеска египетското Министерство за внатрешни работи.

Претходно Министерството за здравство објави дека 23 лица загинале во Египет во судири, а над 90 биле повредени. Најмногу жртви 20 се регистрирани во Ел-Матари, предградие на Каиро.

Според египетските власти терористички групи се инфилтрирале во редовите на демонстрантите и употребиле оружје против невооружени цивили.

Во протестите за одбележување на годишнината од соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, учествуваа во најголем дел приврзаници на исламистичкиот претседател Мохамед Морси и групата Муслимански браќа, кои се борат против актуелниот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој во јули 2013 го смени Морси од претседателската функција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top