| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија испорачан најбараниот убиец

almir

Алмир Дрпљанин кој уби полицаец кај ПМФ пред малку беше екстрадиран во Македонија и пренесен во затворот во Штип. Тој во беше испорачан од Косово каде беше уапсен во јули 2012 година. Во 2010 година Алмир беше осуден во отсуство за убиство на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред ПМФ. Покрај за ова, тој беше осомничен и за филмскиот грабеж на Про- кредит Банка во центарот на Скопје, за ограбувањето на возила од Комерцијална Банка и за ограбувањето на возилата на Македонски Пошти во Чаир.

Во сите овие случаи имаше загинати и повредени лица. Името на Дрпљанин се поврзува и со крвната одмазда во Визбегово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top