| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Украинската армија е „легија на НАТО“

путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја обвини украинската војска дека е „легија на НАТО“, чија главна геополитичка цел е да ја спречи Русија од проширување.

– Во суштина тоа не е војска, тоа е странска легија, во овој случај легија на НАТО, која секако нема за цел одбрана на украинските национални интереси. Таму постојат целосно други цели – истакна Путин.

Тој додаде дека најголем дел од украинската армија е составена од доброволни националистички баталјони.

– Геополитичките цели на на тие „легии на НАТО“ се апсолутно спротивни на националните интереси на украинскиот народ – посочи Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top